Прилепчанец со нож упатувал закани на полициски службеници

Макфакс

28/09/2026

12:40

165

Големина на фонт

а а а

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против лице кое со нож упатувало закани и пружило отпор на полициски службеници за време на нивно службено дејствување.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.В.(57) од Прилеп.

Тој се сомничи за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.

Имено на 09.09.2026, пријавениот со нож упатувал закани и пружал отпор на полициски службеници, кои вршеле службени дејствија.