Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против параглајдинг инструктор поради тешко повредување на туристка од Шведска за време на тандем-лет, кога жената се здоби со сериозни телесни повреди при приземјувањето.
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против 43-годишниот К.Т. од Прилеп, поради сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда.
Според полицијата, на 28 јули годинава, пријавениот во својство на параглајдинг инструктор во параглајдинг компанија договорил тандем-лет со 37-годишната А.Г.Б. од Шведска.
Како што се наведува, инструкторот не ѝ ги дал потребните инструкции и насоки, а при приземјувањето во близина на Струга жената се здобила со тешки телесни повреди на едната нога.
Повредената била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.








