Сообраќајка на патот Кичево–Охрид: мотоциклист удрил во пешак и тешко се повредил

Макфакс

28/09/2026

12:00

128

Големина на фонт

а а а

Во сообраќајна несреќа на патот Кичево–Охрид кај село Подвис мотоциклист удрил во пешак и со тешки повреди е пренесен во болница, додека пешакот се здобил со полесни повреди.

Мотоциклист од Кичево е тешко повреден во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај кичевското село Подвис.

Според информациите од полицијата, на 27 септември околу 15:50 часот, 48-годишниот С.Т. од Кичево, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, удрил во 51-годишната Б.А., исто така од Кичево.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево, додека жената се здобила со телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.