Општина Аеродром ја завршува изградбата на ново современо спортско игралиште во ООУ „Блаже Конески“ кое ќе овозможи безбеден и модерен простор за спортски активности, поттикнување на физичката активност и тимскиот дух кај учениците.
Во завршна фаза е изградбата на новото спортско игралиште од 360 м2 наменето за кошарка и одбојка во рамките на ООУ „Блаже Конески“ во населба Мичурин, извести Општина Аеродром.

„Во моментов се изведуваат завршните работи за боење и уредување на спортската површина, изведена со современа трислојна лиена гумена подлога со висока издржливост, погодна за сите временски услови.

Материјалите што се вградуваат се безбедни за здравјето на корисниците и за животната средина, со што се создава уреден и сигурен простор за спорт, дружење и поттикнување на физичката активност и тимскиот дух.

Аеродром добива уште едно место повеќе за активни, здрави и среќни деца“, соопшти Општина Аеродром.














