[ВИДЕО] Катастрофални поплави во Индија, загинаа најмалку 62 лица

Макфакс

28/09/2026

11:00

136

Големина на фонт

а а а

Во индиската сојузна држава Утар Прадеш се случија катастрофални поплави поради обилни дождови кои предизвикаа загуби на животи и големи материјални штети. Спасувачки екипи евакуираат жители, а властите апелираат за претпазливост, додека соседните региони се соочуваат со слични последици.

Најмалку 62 лица загинаа во индиската сојузна држава Утар Прадеш по неколкудневни обилни дождови и поплави, соопштија локалните власти.

Во невремето се повредени 46 лица, а оштетени се повеќе од 1.000 куќи. Тридневните обилни врнежи предизвикаа поплави во повеќе области, поради што училиштата во делови од државата, вклучително и во главниот град Лакнау, се затворени.

Спасувачките екипи евакуираат жители од поплавените подрачја, а властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања и да се држат подалеку од надојдените реки, потоци и канали.

Поплавите ја погодија и соседната држава Одиша, каде што повеќе од 75.000 луѓе се евакуирани на безбедни локации.

Во соседен Непал, пак, 21 лице загина во инциденти поврзани со невремето во периодот од четврток до недела.

Фото: Depositphotos (илустрација)