Халанд во незгодна позиција поради Сити, Норвежаните го „елиминираа“ од денешниот прес

Дерби

26/09/2026

13:29

361

Големина на фонт

а а а

Ерлинг Халанд ќе го избегне соочувањето со медиумите планирано за денеска, а неофицијално, причина за ваквиот потег е ситуацијата со Манчестер Сити и веста дека премиерлигашот е прогласен за виновен за речиси сите 115 обвинувања за финансиски малверзации.

Првата ѕвезда на норвешката репрезентација беше најавена за учесник на денешната прес-конференција пред дуелот од Лигата на нации со Португалија, но Норвежаните во последен момент направија промена.

Халанд постигна два од трите гола на својата селекција во важната победа над Данска, но истовремено се најде во незгодна позиција, имајќи ја предвид ударната фудбалска вест која предизвика многу дебати и коментари.

Норвежаните барем засега ќе го заштитат Халанд од незгодни прашања од новинарите, а федерацијата потврдила дека покрај селекторот Стале Солбакен, на пресот ќе зборуваат Фредрик Аурснес и Андреас Шјелдеруп.

Норвешка ќе ја пречека Португалија утре на стадионот во Осло, во сиутација во која и двете селекции остварија победи во првата рунда.