За четири години изгубиле дури 46 милијарди евра: „Ова не е видено уште од седумдесеттите години“

Точка

25/09/2026

20:02

491

Големина на фонт

а а а

Куповната моќ на населението во Италија е намалена за околу 46 милијарди евра во последните четири години поради влијанието на енергетските шокови врз инфлацијата.

Додека реалниот бруто-домашен производ (БДП) е помал за речиси 52 милијарди евра, изјави денеска претседателот на деловното здружение „Confesercenti“, Нико Гронки.

Италијанската економија веќе четири години е особено ранлива поради меѓународните тензии, што не е забележано уште од нафтените кризи во седумдесеттите години на минатиот век, додаде Гронки за агенцијата „ANSA“.

Според проценките на деловното здружение, влијанието на енергетските шокови од 2022 година довело и до пад на потрошувачката на домаќинствата за повеќе од 30 милијарди евра.


Даноците во Италија, напротив, и понатаму растат, а домаќинствата и компаниите платиле околу 77 милијарди евра повеќе даноци отколку што би платиле доколку даночното оптоварување останало на нивото од 2021 година.

„Надворешните фактори во последните години имаа одлучувачко влијание врз европските економии, а особено врз италијанската“, истакна Гронки.

Тој оцени дека, поради големата изложеност на надворешни шокови, европските земји треба да изградат механизми што би ја намалиле таа ранливост.

„Ниту една европска земја сама нема доволно сила да влијае врз големите глобални текови во областа на енергетиката, трговијата и геополитиката“, порача Гронки.