Организирале борба со кучиња: кривична за три лица од Тетовско и Кумановско

Макфакс

25/09/2026

13:30

122

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од Тетовско и Кумановско поради организирање и овозможување на нелегална борба со кучиња, што претставува кривично дело мачење и убиство на животни.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(35) с.Камењане, Општина Боговиње, А.М.(28) од с.Челопек, Општина Брвеница и С.А.(41) од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „убивање и мачење животни“.

Имено според полицијата, на 23.03.2026 во објект на поранешен угостителски објект во с.Черкези, пријавените организирале и овозможиле борба со кучиња.