Утре посебен режим на сообраќај поради фудбалски натпревар на арената Тодор Проески во Скопје

Макфакс

25/09/2026

12:10

284

Големина на фонт

а а а

На 26 септември 2026 година, поради фудбалски натпревар од Лига на нации меѓу Македонија и Швајцарија на арената Тодор Проески во Скопје, ќе важи посебен режим на сообраќај со цел обезбедување на безбедноста на учесниците.

Утре (26.09.2026) со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Р.С.Македонија и Швајцарија на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, соопшти полицијата.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници