[ВИДЕО] Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање

Макфакс

25/09/2026

12:10

236

Големина на фонт

а а а

Пратеникот Бране Петрушевски ги критикува Венко Филипче и актуелното раководство за нивниот однос кон економскиот развој и политичките активности, нагласувајќи дека партијата на Филипче е во изумирање.

Венко Филипче и актуелното раководство секој ден се противат на сè што води кон економски раст и подобар животен стандард. Секој ден се противат на нешто и најавуваат блокади. Филипче вели дека Социјалдемократскиот сојуз ќе го блокира отворањето на нови рудници, а е и против нови индустрии и дата-центри, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Исто така, секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде, и со речникот на Филипче, распродаде.

Со речиси секојдневните јавни настапи Филипче изгледа очајно, а очигледно има една цел, да се задржи на политичката сцена и ништо повеќе, бидејќи партијата му е во изумирање.

Со ова Филипче покажува дека нема капацитет разумно да расудува и да размислува.

А има само еден факт и тој е јасен – токму криминалите и распродажбата на државата го сместија СДС во длабока опозиција“, рече Петрушевски/