Шведски и фински ловци пресретнаа руски воени авиони над Финскиот Залив

Макфакс

25/09/2026

11:00

165

Големина на фонт

а а а

Шведски и фински ловци извршија заедничка операција на пресретнување и идентификација на руски воени авиони во меѓународниот воздушен простор над Финскиот Залив, како дел од нивните заеднички напори за заштита на воздушниот простор.

Шведски и фински борбени авиони вчера пресретнаа и идентификуваа руски воени летала во меѓународниот воздушен простор над Финскиот Залив.

Операцијата е дел од заедничкото надгледување и заштита на воздушниот простор на двете земји, соопштија финските воздухопловни сили.

Во соопштението се додава дека летала од двете војски лоцирале група руски авиони, составена од еден транспортен авион и неколку борбени авиони.