Во Тетово, полицијата изврши претрес и пронајде марихуана, при што се уапсени двајца млади лица осомничени за нелегална трговија со наркотични дроги.
Вчера во 20:25 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово ги лишија од слобода 20-годишниот С.И. од село Лисец и 20-годишниот Р.Џ. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Потоа, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на Р.Џ. во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени три поголеми пакувања и една најлонска ќеса со марихуана.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.








