Нов спортско-рекреативен центар во Радишани горна зона

Макфакс

25/09/2026

10:30

204

Големина на фонт

а а а

Општина Бутел направи нов спортско-рекреативен центар во Радишани горна зона со модерни спортски терени и уредување на детските игралишта, обезбедувајќи подобри услови за спорт и рекреација на граѓаните.

Општина Бутел извести дека e изграден спортско-рекреативен центар во населеното место Радишани горна зона.

„Новиот спортски комплекс се протега на површина од 2500 метри квадратни и содржи ново фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште, нови трибини и столчиња, нова метална ограда и лед осветлување.

Истовремено, се изврши реконструкција и проширување на детското игралиште и се постави нова урбана опрема. Општина Бутел се менува. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани“, се наведува во соопштението на Општината.