Делови од Гази Баба и Центар денеска без вода

Макфакс

25/09/2026

07:18

161

Големина на фонт

а а а

ЈКП Водовод и канализација ги известува граѓаните дека денеска делови од општините Гази Баба и Центар ќе бидат без вода поради изведување работи на водоводната мрежа и еден уличен дефект.

Од ЈКП Водовод и канализација известуваат дека денеска без вода ќе останат:

· Поради изведување на водоводен приклучок ф 350 мм на улицата Маџари бб (Триангла), општина Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Маџари, а Хиподром и Трубарево, ќе имаат намален притисок од 09:00 часот.

· Поради уличен дефект ф 80 мм на булеварот Партизански Одреди бр.14, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Пиринска, општина Центар, од 09:00 часот.