Утре се очекува студено и ведро утро, со сончево време и температура што ќе достигне до 25 степени во текот на денот. Во петок попладне и во ноќта ќе има дожд под влијание на циклонска активност, а потоа следува стабилен период со пониски утрински температури.
Времето утре наутро ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.








