Од 9 часот утрово без вода неколку улици во Карпош

Макфакс

23/09/2026

07:00

158

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација известува за прекин на водоснабдувањето од 9 часот утрово поради дефект на приклучна цевка на улица Мексичка 10, што ќе влијае на неколку улици во општина Карпош.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе останат:

· поради дефект на приклучна цевка на Мексичка 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Мексичка, дел од Варшавска, дел од Хелсински, дел од Ташкенска, дел од Хаванска и дел од Париска, општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.