Четири милиони денари финансиска поддршка за спортските клубови во Општина Бутел

Макфакс

22/09/2026

12:40

110

Големина на фонт

а а а

Општина Бутел обезбеди финансиска поддршка од 4 милиони денари за спортските клубови, со цел поттикнување развој и успешни резултати на спортистите од општината.

Општина Бутел денеска додели финансиски средства во износ од 4 милиони денари, за поддршка на спортските клубови од општината.

„Општина Бутел е најспортската општина во Македонија. Локалната самоуправа промовира политики за поддршка на спортот и постојано вложува во развој на сите спортови“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.

Тој изрази надеж дека финансиската поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и дека спортистите ќе освојуваат европски и олимписки медали.