Променливо облачно време со температура до 25 степени

Макфакс

22/09/2026

07:40

149

Големина на фонт

а а а

Дневната прогноза за време најавува променливо облачно и свежо време со ветрови и температури до 25 степени, додека во некои области се очекуваат и локални врнежи од дожд кон крајот на седмицата.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

До крајот на седмицата ќе преовладува поменливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.