Жена од Србија почина на плажа на Халкидики

Макфакс

21/09/2026

09:50

208

Големина на фонт

а а а

Жена од Србија на 84 години почина на плажата Ханиоти на Халкидики, и покрај напорите на спасувачите и медицинскиот тим да ја реанимираат.

84-годишна жена, по потекло од Србија, почина на плажата Ханиоти на Халкидики, и покрај напорите на спасувачите на вода, еден доброволец-спасувач и тимот на брзата помош да ја реанимираат.

Според изјавата на доброволецот-спасувач, двајца спасувачи веднаш интервенирале на лице место, преземајќи стандардни мерки кои вклучувале употреба на дефибрилатор, давање медицински кислород и започнување постапка за реанимација.

Напорите за реанимација продолжиле со помош на самиот доброволец-спасувач, Јоанис Колокитас, како и на медицинскиот персонал од брзата помош кој пристигнал на местото на настанот.

И покрај сите напори, жената не можела да биде спасена.