Трамп: Моето прашање е – ако и кога – дали ќе го уништам целиот Иран?

Макфакс

21/09/2026

07:00

618

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е во фаза на одлучување околу Иран и изнесе опции како продолжување на воен притисок, економско ослабнување или постигнување договор, со потенцијални големи случувања во блиска иднина.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека моментално е во „фаза на одлучување“ во врска со Иран и дека во блиска иднина би можеле да се случат многу големи работи, пренесе дописникот на „Фокс њуз“, Треј Јингст.

Јингст тврди дека, во разговор со него, Трамп изнел неколку опции пред кои е исправен Вашингтон: продолжување на воениот притисок врз Иран, дозволување земјата дополнително економски да ослабне или обид за постигнување договор.

„Прашањето е ако и кога – ќе ја уништам целата земја? Подобро да внимаваат на своето однесување“, рекол Трамп, според Јингст.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека моментално е во „фаза на одлучување“ во врска со Иран и дека во блиска иднина би можеле да се случат многу големи работи, пренесе дописникот на „Фокс њуз“, Треј Јингст.

Јингст исто така го праша Трамп за Генералното собрание на Обединетите нации што се одржува во Њујорк оваа недела. Се очекува таму да присуствува и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

На прашањето дали би бил подготвен да се сретне со иранскиот претседател, Трамп одговори дека веројатно би бил отворен за таква средба.

Во исто време, според „Фокс њуз“, тој ги минимизираше безбедносните предупредувања упатени до американските граѓани на Блискиот Исток во изминатите денови, наведувајќи дека не смета оти овој викенд е значително поразличен од другите.

Нејасно е кога би можела да се донесе одлука

Водителот го праша Јингст дали изразот на Трамп за „не толку далечна иднина“ подразбира часови или денови.

Јингст не наведе прецизна временска рамка, но изјави дека администрацијата на Трамп се соочува со тешкотии во наоѓањето соговорници во рамките на иранскиот режим со кои би можела да постигне договор.

Според него, Трамп опишал некои ирански функционери како „луѓе што се кријат како стаорци“.

Засега, Трамп нема објавено конечна одлука ниту одредена временска рамка за нејзино донесување.