Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на Г7 со цел да се зајакне соработката и да се обезбеди стабилно снабдување со енергија поради глобалната енергетска криза предизвикана од војната во Иран. На состанокот ќе биде разгледана и можноста за пуштање на стратешките резерви и укинување на ограничувањата, додека владата се соочува со протести поради високите цени на горивото.
Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека земјите-членки на Г7 ќе одржат состанок во наредните недели за да ја зајакнат соработката и да обезбедат стабилно снабдување со енергија. Состанокот е поттикнат од енергетската криза предизвикана од војната во Иран, пренесува.
„Во наредните недели ќе одржиме состанок на Г7 посветен на енергетските прашања. Сакаме да ја зајакнеме соработката и да избегнеме непотребни тензии меѓу членките и нашите клучни партнери. Исто така, ќе ја разгледаме можноста за пуштање на стратешките резерви на пазарот или за укинување на ограничувањата, како што тоа го сторивме пред неколку месеци“, изјави Макрон на прес-конференција.
Протести поради цените на горивото
Истовремено, владата на Макрон се соочува со протести и притисок од јавноста поради високите цени на горивото. Како резултат на тоа, претседателот организираше средба со лидерите на парламентарните партии за да разговараат за кризите на Блискиот Исток и во Украина, како и за нивното влијание врз пазарот на енергија.








