22-годишна скопјанка ја пријави мајка си во полиција: Ја влечела, туркала и ѝ се заканувала во експозитура на банка во Центар

Макфакс

18/09/2026

14:30

117

Големина на фонт

а а а

22-годишна девојка од Скопје пријави дека нејзината мајка агресивно се однесувала кон неа во експозитура на банка во Центар, по што полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, 22-годишна девојка од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во експозитура на банка на подрачјето на Центар, нејзината мајка М.Р.(53) агресивно се однесувала кон неа, ја влечела, туркала и ѝ упатувала закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.