46-годишен маж од Вртекица е уапсен на скопскиот аеродром по пронаоѓање седум парчиња муниција во неговиот рачен багаж при полициска контрола на излез од државата.
Вчера околу 15:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници го приведоа 46-годишниот А.Џ. од село Вртекица, скопско.
При проверка на неговиот рачен багаж биле пронајдени седум парчиња муниција калибар 9мм. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








