Пукање во училиште на Филипините: Има убиени и повредени

Макфакс

18/09/2026

11:50

132

Големина на фонт

а а а

Три ученици загинаа, а осум лица се повредени во пукање во училиште во градот Банга на југот на Филипините, каде 16-годишен ученик бил осомничен за нападот и извршил самоубиство по инцидентот.

Три ученици беа убиени денес во пукање во училиште во градот Банга на југот на Филипините, вклучувајќи 16-годишен осомничен за нападот, додека осум лица беа повредени, објави градоначалникот на тој град.

„Сите жртви се ученици на возраст меѓу 14 и 17 години. Четири повредени лица се во критична состојба“, изјави за Ројтерс, Алберт Паленсија, градоначалник на Банга.

Медиумите претходно објавија, повикувајќи се на локалниот полициски гувернер, дека најмалку едно лице е убиено, а четворица се ранети.

Инцидентот се случил во Националното средно училиште Банга во покраината Јужен Котабато, на југот на Филипините, објави гувернерот на покраината Јужен Котабато, Рејналдо Тамахо.

Началникот на полицијата, наредник Реџи Фадерон, претходно изјави дека има повеќе од едно повредено лице и дека полицијата ги проверува деталите.

Точно пред еден месец, најмалку две лица беа убиени, а девет беа повредени во пукотница во училишниот кампус во градот Замбоанга на југот на Филипините, во кампусот на средното училиште на Универзитетот „Атенео де Замбоанга“.

Според градоначалникот, осомничениот, ученик од седмо одделение, влегол во училиштето на 18 август со пушка и пиштол и отворил оган врз учениците и наставниците, а потоа извршил самоубиство.