Кејн: „Златната топка“? Учинокот кој го остварив зборува сам за себе

Дерби

18/09/2026

10:40

128

Големина на фонт

а а а

Хари Кејн остави страшна сезона зад себе и бројките кои ги оствари се втори најдобри во историјата според голгетерскиот учинок, но ниту во таква ситуација, Англичанецот не се издвојува како главен фаворит за „Златната топка“.

Иако е еден од кандидатите за најпрестижното фудбалско признание, експертите сметаат дека со мала предност влегуваат Килијан Мбапе и Ламин Јамал, но како човек кој е во потесниот круг од тројца најдобри за изминатата натпреварувачка сезона, за очекување е да биде доста популарен до крајот на месец октомври.

„Златната топка“ ќе се додели во Лондон на 26-ти октомври, а Кејн иако не сака да зборува за себе, самиот вели дека доволно добри аргументи за победа се 73-те погодоци кои ги постигна во една сезона.

– „Златната топка“ е комплицирана тема, уште повеќе ако се знае дека не сакам да зборувам за себе. Ќе кажам дека минатата сезона беше неверојатна за мене на тимски план, но и на индивидуален. Тоа беше најдобрата сезона во мојата кариера. Постигнав 73 голови во една сезона, втор најдобар учинок во историјата (Лео Меси има дадено 82).

– Головите кои ги постигнав зборуваат сами за себе, горд сум што постигнав толку погодоци благодарение на моите соиграчи. И покрај се, „Златната топка“ не е во мои раце, јас не одлучувам за тоа, ќе зависи од луѓето кои ќе гласаат. Јас не можам да променам ништо, моите погледи веќе се насочени кон сезоната која започна, гледам како да бидеме подобри и да повториме иста сезона во која ќе направи финален исчекор и во Лигата на шампиони, – вели Кејн во интервјуто за „Марка“.