Македонскиот филм во фокусот на „Tirana International Film Festival 2026“

Макфакс

18/09/2026

09:50

112

Големина на фонт

а а а

Годинашниот „Tirana International Film Festival - TIFF“ ќе ја има во фокусот современата македонска кинематографија со пет филмови, два мастеркласа и македонско учество во жирито, со цел промоција и културна соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.

Македонскиот културен центар во Тирана информира за Фестивалот

Македонскиот културен центар во Тирана информира дека годинашното издание на „Tirana International Film Festival – TIFF“ ќе биде отворено на 21 септмеври, 2026 со проекција на филмот „Мајка“, во режија на Теона Стругар Митевска.

Фокус на современиот македонски филм

Специјалната програма „Фокус на современиот македонски филм“ е иницирана и реализирана од Македонскиот културен центар во Тирана, под раководство и координација на директорката Ема Попивода, во соработка со Tirana International Film Festival TIFF.

„Особено ме радува што современата македонска кинематографија годинава добива значајно место на еден од најреномираните филмски фестивали во Албанија. Присуството на пет македонски филмови, два мастеркласа и македонски претставник во жирито претставува силна промоција на нашето филмско творештво и отвора нови можности за културна соработка“, изјави Ема Попивода, директорка на Македонскиот културен центар во Тирана.

Приказна за филмот „Мајка“

„Мајка“ прикажува пресуден период од животот на Мајка Тереза и нејзината одлука да го напушти манастирот Лорето во Калкута и да основа сопствен религиозен ред, посветен на помагањето на сиромашните.

Останати филмови во програмата

Покрај „Мајка“, публиката ќе има можност да ги проследи и филмовите:

„Good People“ (2025), во режија на Милчо Манчевски „Iron Castle“ (2025), во режија на Митко К. Панов „Dogs Have No Dreams“ (2026), во режија на Ханис Багашов „Antigona“ (2025), во режија на Ибер Деари и Мирсад Абази

Мастеркласи и жирито

Значајното македонско присуство на фестивалот ќе биде дополнето со два мастеркласа на Теона и Лабина Митевски, кои ќе понудат непосреден увид во процесите на создавање, развој и продукција на едно филмско дело.

Македонскиот продуцент Јане Ќортошев ќе биде член на жирито на фестивалот.

Реализацијата на македонската програма и дел од придружните настани е поддржана од Македонскиот културен центар во Тирана и Министерството за култура и туризам на Северна Македонија.