Полицијата распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова

Макфакс

13/10/2026

18:29

694

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова од Кочани, по барање на Основниот суд во Кочани, за кривично дело.

Министерството за внатрешни работи распиша централна и меѓународна потерница по Ива Михаилова (23) од Кочани, по барање на Основниот суд во Кочани.

„Министерството за внатрешни работи распиша потерница по Михаилова Ива (23) од Кочани, од татко Симеон и мајка Христина двајцата од Кочани. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на Основен суд Кочани за кривично дело по член 300 став 4 и член 297 став 3 од Кривичниот законик“, стои во информацијата од МВР.