Уапсен велешанец: Запалил сува трева и отпаден шут, пожарот се проширил на ридот во близина

Макфакс

17/09/2026

11:30

168

Големина на фонт

а а а

Во Велес е уапсен 59-годишник поради предизвикување пожар откако запалил сува трева и отпаден шут што се проширил на ридот во близина, без повредени лица, а пожарот е изгаснат од противпожарната единица.

Вчера во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 59-годишниот Т.Т. од Велес затоа што во дворот запалил сува трева и отпаден шут, при што настанал пожар кој се проширил на ридот во близина и зафатил сува трева.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.

Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.