Нови ракетни напади врз Киев и Одеса: Најмалку 18 повредени, меѓу нив и деца

Макфакс

17/09/2026

08:45

299

Големина на фонт

а а а

Во ракетните напади врз Киев и Одеса се повредени најмалку 18 лица, меѓу кои и деца, а има и загинати. Нападите предизвикаа големи штети на станбени и деловни објекти во двата града.

Дванаесет лица, меѓу кои две деца на возраст од 10 и 12 години, се повредени во синоќешниот ракетен напад врз Киев, објавија градските власти.

Според градската воена администрација на Киев, меѓу повредените е и 10-годишно девојче, а сите тие ја добиле потребната медицинска помош, објави.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, претходно објави дека до 4:03 часот има шест повредени, од кои пет се хоспитализирани, додека воената администрација на Киев пријави 10 повредени.

До 4:30 часот, бројот на повредени се зголеми на 12, а девет лица се задржани во болници.

Деловни и станбени згради во два дела од градот беа оштетени во нападот.

Шест лица, меѓу кои и две деца, се повредени во нападот во Одеса

Шест лица, меѓу кои и две деца, се повредени во ноќниот напад врз Одеса, Украина, објави денес началникот на воената администрација на Одеса, Сергеј Лисак.

„Како резултат на ноќниот напад врз Одеса, оштетени се куќи и помошни згради, а меѓу шесте повредени се две деца“, рече Лисак во објава на Телеграм.

Како што додаде, како резултат на ноќниот напад на руските сили во Одеса, оштетена е 19-катна станбена зграда.

„Во друг дел од градот, уништена е приватна станбена зграда. Оштетена е уште една. Оштетени се и помошни згради“, рече тој, велејќи дека е евидентирана и штета на инфраструктурата.

Според него, на терен се работи на отстранување на последиците од нападот.