Напад врз малолетници во Горно Лисиче – со остар предмет му била одземена чанта на тинејџер

Макфакс

16/09/2026

14:10

238

Големина на фонт

а а а

Во Горно Лисиче се случи напад врз малолетници каде со остар предмет едно дете било ограбено и му била одземена чанта со лични предмети. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Сноќа, околу 22:20 часот, 49-годишниот Д.Б. од Скопје пријавил во СВР Скопје инцидент во населбата Горно Лисиче, во кој бил нападнат неговиот малолетен син.

Според пријавата, малолетникот и неколку негови другари биле нападнати од група врсници. Притоа, еден од напаѓачите, кој им бил познат на децата, искористил остар предмет и од синот на пријавителот одзел чанта со паричник, мобилен телефон и други предмети.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.