Арсенал без проблеми ја реши првата пречка во англискиот Лига Куп и славеше над Ипсвич Таун на „Портман Роуд“ со 4-2.
Иако Микел Артета ги „измеша картите“ за ова соочување тоа не се почувствува на теренот каде фаворитот го надигра домаќинот и по 58 минути се стекне со предност од 4-0.
Во преостанатиот дел Ипсвич постигна два гола, меѓутоа тоа ништо не значеше во однос на конечниот резултат и патникот во наредната фаза. Тренерот Артета беше задоволен од она што го виде, а еден од играчите за кој испрати големи комплименти е Микел Мерино, авторот на четвртиот гол за екипата од северен Лондон.
- Тој е неверојатен. Прво тој е еден од најинтелигентните играчи што сум ги видел и со кои сум работел. Потоа, личноста е полна со… не знам, тој само сака да дава за сите. Тој размислува за сè, размислува за сите.
- И покрај тоа, тој има квалитети кои се единствени во фудбалот и во нашиот тим, неговиот капацитет да влезе во шеснаесетникот, тој е способен да зазема различни места, да игра на различни позиции, да ја поврзува играта со луѓето. И како играч од средниот ред, способноста што ја има да постигнува голови како вечерва е поинаква од онаа што ја видовме во последно време, но уште една неверојатна, - истакна Артета.








