Ливерпул го одбрани домашниот терен и славеше над Тотенхем со 3-1 во соочувањето од 1/16 финалната рунда во англискиот Лига Куп.
Иако настапи со комбиниран состав домаќините ја остварија посакувната цел со три атрактивни голови од кои оној последниот на Доминик Собослаи се издвојува.
Тој влезе во игра во второто полувреме, а во 91 минута доби една висока топка од Гакпо која ја смири на гради и потоа испука „проектил“ кој заврши во мрежата на Дубравка за ерупција на „Енфилд Роуд“.
Соиграчите беа шокирани и за тоа говори реакцијата на Исак и Баркола кои се фатија за глава.
Take a bow, Dom 🫰✨ pic.twitter.com/IILXCZ5AR5
— Liverpool FC (@LFC) September 15, 2026








