Шеесет и петгодишен маж од Тетово е приведен по пријава од сопругата за физичко и психичко насилство врз неа и нивната ќерка. Мажот е задржан и против него ќе се преземат соодветни мерки.
Шеесет и петгодишен маж од Тетовско е лишен од слобода откако неговата сопруга го пријавила дека физички ја нападнал и ѝ нанел повреди.
Како што соопшти МВР, вчера во 12:30 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода П.А.(65) од Тетовско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна сопруга.
Според пријавеното, претходната вечер околу 21:00 часот, во нивниот дом, тој физички ја нападнал и ѝ нанел повреди. Исто така, било пријавено дека во изминатиот период вршел физичко и психичко насилство врз нивната 49-годишна ќерка.
П.А. е задржан во Полициската станица Тетово, а по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.








