Миротиќ има нов клуб, повторно ќе игра во Шпанија

Дерби

15/09/2026

12:40

164

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шпански репрезентативец, Никола Миротиќ има нов клуб, клуб со кој ќе продолжи да игра во најквалитетното натпреварување на стариот континент-Евролигата.

35-годишниот Миротиќ денеска беше официјализиран како засилување за Валенсија и тоа до крајот на оваа сезона.

- Здраво Валенсија, ми кажаа дека барате „четворка“, па еве сум тука, - порача Миротиќ.

Никола во последната година настапуваше за Монако, а претходно беше дел од Олимпија Милано, Барселона, Реал Мадрид и Паленсија.

Од 2014 до 2019 беше дел од НБА лигата, период во кој одигра преку 300 натпревари за Чикаго Булс, Њу Орлеанс и Милвоки Бакс.

Интересно е што во Валенсија има двајца играчи со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс и Омари Мур.