Помор на речна пастрмка по течението на реката Треска

Макфакс

14/09/2026

13:40

196

Големина на фонт

а а а

Вчера беше пријавен голем помор на речна пастрмка по течението на реката Треска меѓу селата Вранештица и Бигор Доленци во Кичево. Надлежните органи работат на расветлување и справување со настанот, а ќе биде поднесена и кривична пријава за загадувањето на вода.

Вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека по течението на река Треска, помеѓу кичевските села Вранештица и Бигор Доленци, забележан е помор на речна пастрмка во поголеми размери.

За настанот е известен надлежен јавен обвинител и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, по што заеднички екипи ќе преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот.

Против лицето кое извршило загадување на вода со штетна материја ќе биде поднесена кривична пријава по член 223 од Кривичниот законик „загадување на вода или добиточна храна“.