Песков: Заблуда е дека Украина може воено да ѝ се спротивстави на Русија

Макфакс

14/09/2026

13:20

139

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ги коментира повиците на американскиот претседател за запре на украинските напади врз руската инфраструктура и истакнува дека Украина не може воено да ѝ се спротивстави на Русија.

Повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Украина да не врши напади врз објекти во Русија поврзани со производството на дизел гориво може само да се поздрави, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Можеме само да го поздравиме секој повик до режимот во Киев да ги запре нападите врз цивилната економска инфраструктура“, рече Песков.

Според него, ситуацијата на светскиот пазар на нафта како целина се влошува, првенствено поради нестабилноста и новите бранови на ескалација во Персискиот Залив.

Портпаролот на рускиот претседател го нарече тврдењето дека Украина е способна воено да се спротивстави на Русија голема заблуда.

Според него, „некои луѓе сè уште имаат толку погрешна гледна точка“, но на професионалците и навистина сериозните аналитичари им станува сè појасно дека Русија од ден на ден ги подобрува своите позиции и постојано се движи кон остварување на своите цели.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го поврза недостигот на дизел гориво со украинските напади врз руската енергетска инфраструктура и го замоли Володимир Зеленски да ги запре нападите врз објекти во Русија кои произведуваат дизел гориво.