48-годишен тетовец уапсен по пријава од сопругата: Ја нападнал во нивниот дом по расправија

Макфакс

13/09/2026

15:10

95

Големина на фонт

а а а

48-годишен маж од Тетово е уапсен по пријава од сопругата дека ја нападнал физички во нивниот дом по претходна вербална расправија. Случајот се истражува како семејно насилство.

48-годишен тетовец уапсен по пријава од сопругата

48-годишен жител на Тетово е лишен од слобода поради сомнение дека физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга во нивниот дом.

Од СВР Тетово информираат дека на 12 септември во 15:30 часот, на улицата „Борче Кочовски“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот маж поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство.

Случајот во полицијата во 14:20 часот го пријавила неговата 41-годишна сопруга. Таа пријавила дека на 4 септември околу 10 часот, во нивниот дом, по претходна вербална расправија, нејзиниот сопруг физички ја нападнал.

По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.