Времето претежно сончево, но посвежо отколку досега

Нетпрес

13/09/2026

07:50

212

Големина на фонт

а а а

Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност во текот на денот

Времето во земјава денеска ќе биде претежно сончево и посвежо отколку досега, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец (над 50 км/ч), прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во текот на новата седмица ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност во текот на денот. Температурите ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината, вели УХМР.