Три тепачки во Скопје за само неколку часа, се тепале со тврди предмети, нападнати и малолетници

Макфакс

12/09/2026

17:00

134

Големина на фонт

а а а

Во текот на десетина часа во Скопје се пријавени три физички пресметки, од кои една со тврди предмети и една каде биле нападнати малолетници. Полицијата работи на расветлување на случаите.

Три пресметки во Скопје за неколку часа

Три физички пресметки се пријавени во Скопје во период од само десетина часа, при што во еден од случаите биле употребени и тврди предмети, а во друг биле нападнати малолетници.

Првиот случај бил пријавен во петокот попладне во селото Кондово. По претходна расправија, дошло до физичка пресметка меѓу 43-годишниот С.А. и 41-годишниот Х.А.

Само неколку часа подоцна, во раните утрински часови во саботата, физичка пресметка била пријавена и на улицата „Пат за Китка“. Според пријавата, Ф.А. и Д.А. биле физички нападнати од Е.М., Ф.М., И.М. и И.М., при што биле употребени и тврди предмети.

Најновиот случај е пријавен околу 2:40 часот кај Градскиот парк во Скопје. Таму двајца малолетници биле физички нападнати од група други малолетници.

Полицијата работи на расчистување на сите три случаи, по што ќе следуваат соодветни постапки.