Малолетна девојка од Струмичко пријавила сексуална злоупотреба

Макфакс

12/09/2026

14:20

291

Големина на фонт

а а а

Во Струмица е пријавен случај на сексуална злоупотреба на малолетно девојче, при што полицијата презема мерки за расветлување на настанот и идентификација на сторителот.

Случај на сексуална злоупотреба на малолетно девојче е пријавен во полицијата во Струмица. Случајот го пријавила нејзината 40-годишна мајка, која посочила дека девојчето било злоупотребено од лице кое го познава семејството.

Според пријавата, настанот бил пријавен во СВР Струмица во текот на ноќта, а полицијата веќе презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали за пријавениот случај.