Маркус Рашфорд имаше добра сезона во Барселона, сезона која ја заврши со „дабл-дабл“ учинок, но и тоа не беше доволна за да шпанскиот шампион ја искористи опцијата и го откупи договорот од Манчестер Јунајтед.
Наместо тоа каталонците дополнително го „отворија ќесето“ и го купија Ентони Гордон од редовите на Њукасл. За многумина ова беше изненадување и тоа во моментите кога други клубови притискаа за англискиот репрезентативец, но Барса набрзина ја комплетираше операцијата и напаѓачот пристигна на „Камп Ноу“.
Тој го чека својот прв гол, ама веќе има пет асистенции зад своето име и добро се вклопи во новата средина, а спортскиот директор Деко конечно објасни зошто Гордон доби шанса пред Рашфорд.
- Ние сме му благодарни на Рашфорд. Тој придонесе многу минатата сезона, но нашата идеја за игра е многу повеќе поврзана со Ентони. Неговиот стил се вклопува со она што тренерот го бара.
- Ги гледаме сите тренинзи и го анализираме тимот. Имаме јасна претстава што бараме. Една од областите во кои се мачевме минатата сезона, без Рафиња, беше тоа што енергијата на тимот опадна. Беше изгубена. Ни требаше поголем интензитет. Анализиравме многу крилни играчи. Потпишувањето на некој од Премиер лигата е речиси невозможно, но [Флик] беше јасен во врска со тоа што сака и оттогаш работевме на договор, - објасни Деко.








