[ВИДЕО] Парите од прославата за независност се транспарентно објавени, а парите од НАТО фестот, прославата на промената на името и ОБСЕ самитот завршија за Заев и Филипче да си купат јахта, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

11/09/2026

09:50

428

Големина на фонт

а а а

Во обвинувањата меѓу политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека парите од прославата за независност се транспарентно објавени, додека средствата од НАТО фестот, прославата за промена на името и ОБСЕ самитот биле злоупотребени за лични потреби на Заев и Филипче.

„Бидејќи СДС прашува каде завршија парите од прославата за независност, одговорот ќе го добијат за секоја ставка во едночасовната прес-конференција на Владата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„А ако од СДС сакаат да дознаат каде завршиле парите од организација на НАТО фестот, прославата за промена на име и ОБСЕ самитот, одговорот ќе го најдете во фотографија. Очигледно талогот од СДС продолжува да биде најдоле што може.

Тие се најголемата антимакедонска партија во државата со најмал рејтинг меѓу народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.