Кривична пријава против маж од Скопско: Измамил едно лице за 11.000 евра

Макфакс

10/09/2026

13:00

253

Големина на фонт

а а а

СВР Тетово поднесе кривична пријава против маж од скопско кој измамил едно лице од тетовско со купопродажен договор за товарно возило на вредност од 11.000 евра.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот С.Б. од село Копаница, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во април 2026, пријавениот довел во заблуда лице од село Шипковица, тетовско, со кој склучил купопродажен договор за товарно возило, за кое требало да исплати 11.000 евра.