Скопјанка го пријавила сопругот за физички напад, а тој дека жената фрлала предмети кон него

Макфакс

10/09/2026

13:00

154

Големина на фонт

а а а

Скопјанка пријавила физички напад од сопругот, додека тој возвраќа со тврдења дека жената фрлала предмети кон него во семејниот дом во Бит Пазар.

На 09.09.2026 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 50-годишен маж од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка.

Исто така, и 50-годишникот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна сопруга, која фрлала разни предмети кон него.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.