САД го имаа најжешкото лето во својата историја

Макфакс

10/09/2026

12:40

161

Големина на фонт

а а а

САД ова лето забележаа највисоки температури во својата историја, со просечна температура над 23 степени, предизвикувајќи екстремни временски услови и катастрофални пожари во неколку региони.

Соединетите Американски Држави (САД) го имаа најжешкото лето во својата историја оваа година со просечна температура од околу 23,5 степени Целзиусови, објави денес Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA).

Просечната температура помеѓу јуни и август беше за три и пол степени повисока од летните просеци во текот на 20 век.

Рекордна топлина го зафати западниот дел на САД, јужните планини, југозападните рамнини и Флорида, каде што се случија катастрофални пожари, а резервите на вода се намалија.