Поради планирани технички интервенции од ЕВН Македонија, денеска ќе има прекини во електричната енергија во делови од неколку скопски општини, вклучувајќи ги Бутел, Петровец, Студеничани и Карпош.
Денеска (10.09.2026 година- Четврток ) поради планирани технички интервенции од страна на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Радишанска Лево – првата уличка после трафостаница Бел Камен 2. ( општина Бутел )
– – Во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. 1 лоцирани околу Кипер Маркет, како и корисниците од ул. 5 во Петровец. ( општина Петровец )
– – Во периодот од 08.30 до 14.00 часот, корисниците од село Студеничани лоцирани во околината на БП Кувајт Петрол. ( општина Студеничани )
– – Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Партизанска 2, Ванчо Мицов и Демир Трајко. ( општина Карпош )








