Во Штип е извршен претрес во домот на 37-годишен маж, при што била пронајдена поголема количина дрога и други предмети. Лицето е уапсено, а случајот е известен до јавен обвинител за понатамошна постапка.
Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишија од слобода 37-годишниот Б.К. од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една поголема ќеса со марихуана, две дигитални ваги, дробилка, семки од растението канабис, пневматски пиштол, мобилен телефон и парични средства.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.








