Уапсен маж од Кичево: Возел за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да му биде извршен алкотест

Макфакс

09/09/2026

10:30

53

Големина на фонт

а а а

Маж од Кичево е уапсен откако возел автомобил за време на активна забрана, предизвикал сообраќајна незгода и одбил да подлегне на алкотест. Возилото му е одземено по наредба на јавен обвинител.

Ноќеска во 03:10 часот на магистрален пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода 32-годишниот Д.С. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на улицата „Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено, извести МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.