Во вторник, по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради музичкиот настап на Националната Арена „Тодор Проевски“. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полицијата.
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Во вторник по повод државниот празник– „Ден на независноста на Република Северна Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на приодите кон арената и булеварот „Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.








