[ФОТО] AERO Street Food Festival пред големото финале – уште две вечери исполнети со храна и музика

Точка

07/09/2026

13:12

80

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 15.000 посетители уживаа во првите три фестивалски вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче“. Одличната посетеност, богатата понуда на храна и атрактивната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатлива дестинација за модерни урбани настани и забава за сите генерации.

Фестивалот беше отворен со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се појавија The Ringtones. Првата вечер заврши со сетот на DJ Aleksandar Jordanov, кој ја одржуваше одличната атмосфера до самиот крај на програмата.


Во саботата, на 5 септември, паркот „Авионче“ беше преполн со гости од сите делови на Скопје, но и со посетители од повеќе градови низ Македонија. Големо внимание привлече понудата на 20-те гастрономски брендови, пред чии штандови постојано имаше редици за специјалитетите од домашната, регионалната и интернационалната кујна.


Неделната вечер донесе нова доза енергија со настапот на Dopamine, кој ја освои публиката уште од првите ноти. Забавата продолжи со DJ Rizinski и неговиот избор на познати македонски и светски ретро хитови, претворајќи го фестивалскиот простор во голем подиум на отворено.


AERO Street Food Festival продолжува денес и утре со завршните две вечери од годинашното издание. На 7 септември публиката ќе ја забавуваат диџеите од Fluere и бендот South Park. Големото финале на 8 септември ќе започне со DJ Ficho и DJ Guardian, ќе продолжи со специјалната музичка програма на Acoustic Division, а честа да го затворат фестивалот ќе ја имаат Sure Shotz.


Организаторите ги повикуваат граѓаните да бидат дел од последните две фестивалски вечери и да уживаат во разновидната гастрономска понуда, домашната музика и препознатливата урбана атмосфера во паркот „Авионче“.


Фестивалскиот простор се отвора во 17:30 часот, музичката програма започнува во 19:30 часот, а влезот е бесплатен.

Финалето секогаш се игра во Аеродром!